На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е зафатена мешана шума.
Активен пожар има и во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, како и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде се зафатени смреки.
Под контрола е ставен пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда, каде горела високостеблеста букова шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари на различни локации низ државата.
Слични новости
Посета на Урсула Фон Дер Лајен на Скопје, тема проширувањето на ЕУ
Посетата на Фон Дер Лајен на Западниот Балкан доаѓа во период кога ЕУ ја ревидира политиката на ЕУ кон проширувањето со Западен Балкан, како и со Украина и Молдавија.
Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор
Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.
Грејната сезона започнува на 15 октомври
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.


