Администрацијата на САД ги разгледува сите опции за Иран, а дипломатското решение кое би било прифатливо за Вашингтон е на Иран да му се дозволи „симболично“ збогатување на ураниум, под услов да нема можност за развој на нуклеарна бомба.

На претседателот Трамп му се претставени и воени опции кои вклучуваат директен напад врз врховниот лидер на Иран Али Хамнеи и неговиот син Моџтаба, наведуваат американски извори.

Според наводите на официјални лица, разликите межу Вашингтон и Техеран остануваат длабоки.

Претседалот Трамп сеуште ги држи сите опции отворени, а портпаролката на Белата куќа Ана Кели порача дека само претседателот знае каква одлука ќе донесе.

 

Слични новости

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.