Пред крајот на сезоната во Премиер лигата и Лигата на шампионите, кога се ќе се решава, Ливерпул ќе биде засилен во нападот со скапото засилување Александар Исак. Тој би можел да се врати во тимот уште следната недела, иако тренерот Арне Слот, не сака да брза со враќањето на Исак.

Шведскиот центарфор го скрши зглобот на натпреварот со Тотенхем кон крајот на минатата година при постигнување гол. Оттогаш пропушти 17 мечеви на Ливерпул.

Во моментов приоритет на Ливерпул е да го поминат Галатасарај во осминафиналето на Лигата на шампионите откако загубија во Истанбул со 1:0, и да обезбедат учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.