Цените на енергентите на европските и светските берзи продолжуваат да растат, како последица на екслацијата на состојбата во Персискиот залив.
Цената на сировата нафта Брент денеска стигна до 107,74 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта ВТИ се продава за 102,88 долари за барел.
Европскиот гас го достигна максимумот и се продава за 83,39 евра по мегават-час.
И покрај скокот на цената на енергентите, европските берзи денеска се во благ плус.
Слични новости
Нафтата поевтини, европските берзи во плус
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.
Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто
Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.
Акциите на компанијата „Најк“ од почетокот на годината загубија 45 насто од вредноста
Акциите на компанијата „Најк“ денеска паднаа за околу 10 проценти, откако производителот на спортска опрема објави пад на приходите и прогноза што ги разочара инвеститорите.


