Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека сите „неприфатливи акции“, вклучувајќи ја наводната помош на Русија до Иран во разузнавачки податоци за позициите на американските сили на Блискиот исток ќе биде „строго санкционирана“.

Хегсет рече дека американскиот претседател Трамп добро знае кој со кого разговара и дека сите податоци се вклучени во борбените планови на САД, пренесе ЦБС.

Портпаролката на Белата куќа Керолајн Ливит одби да ги коментира информациите за наводно рсука помош на Техеран во разузнавачките податоци и оцени дека споделувањето податоци меѓу Техеран и Москва не е важно, затоа што САД апсолутно го уништуваат иранскиот режим.

 

Слични новости

Министерството за правда на САД објави над 3 милиони документи и фотографии за случајот со Епстин

Објавените досиеја го содржат и нацрт обвинението од Флорида во 2000-та, кое укажува на соучесници на Епстин, чии имиња не се објавени, а кои планирале да наговорат, поттикнат и привлечат лица помлади од 18 години на проституција.