Кошаркарите на Њујорк поведоа со 1:0 против Филаделфија во полуфиналето на Источната конференција, откако на домашен терен победија со 137:98. Њујорк Никс беа предводени од Џејлен Бронсон кој постигна 35 коша на натпреварот, од кои дури 27 во првото полувреме.

Њујорк ја продолжи успешната низа во плеј офот и стана првиот тим во историјата на НБА кој има три последователни победи со повеќе од 25 коша разлика. Екипата на Њујорк доминираше со прецизен шут од игра (63 %) а во одредени мигови имаше и 40 поени разлика.

Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Пол Џорџ со 17 коша, а Ембид постигна 14 кошеви, со слаб шут од игра 3 од 11. Вториот меч се игра доцна во среда навечер, исто така во Њујорк.

Слични новости

Шведскиот фудбалер Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах

Шведскиот фудбалер Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах

Досегашниот фудбалер на Дармштат Швеѓанецот Исак Лидберг потпиша договор со Борусија Менхенгладбах, соопшти денеска германскиот фудбалски клуб. Во соопштението се наведува дека Лидберг потпишал договор до 30-ти јуни 2030 година.

Флорентино Перез останува на челото на Реал Мадрид

Флорентино Перез останува на челото на Реал Мадрид

По 20 години Реал Мадрид избираше претседател на клубот, но и натаму на челната позиција останува Флорентино Перез кој по пребројувањето на гласовите освои најмалку две третини од гласовите, пред неговиот противкандидат Енрико Рикелме.