Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан ќе биде продолжен за уште три недели, по разговори во Белата куќа.

Сепак, тој нагласи дека постигнувањето долгорочен мировен договор ќе биде сложен процес кој ќе бара значителна поддршка од Вашингтон, особено во однос на разоружувањето на Хезболах.

Во изјава за медиумите, Трамп рече дека нема намера да брза со евентуален договор со Иран, додавајќи дека „она што го прави засега функционира добро“.

Во меѓувреме, американската војска соопшти дека пресретнала брод со иранска нафта во Индискиот Океан, додека Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз Ормутскиот теснец.

 

Слични новости

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.