Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран заминува во втор план и дека сега ќе се фокусира на украинското прашање. Тој порача дека Москва и Киев мора да постигнат договор за окончување на војната.
Трамп кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Франција, каде што Трамп учествува на самитот на Г-7, рече дека имал добар состанок со Зеленски и дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и рече дека има „многу несогласувања меѓу двајцата лидери“.
Трамп наведе дека во просек Украин и Русија губат по околу 25.000 млади убави луѓе на бојното поле и дека тоа што се случува таму е лудост. Американскиот претседател порача и дека Израел „предолго“ се бори против Хезболах и дека е лут на начинот на којшто Израел се справува со ова прашање.
Слични новости
Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса
Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.


