Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ објави дека неговото производство во ноември падна за 5,5 насто меѓугодишно, пред се поради слабите резултати во Кина и Јапонија.

Производството во странство е намалено за 3,4 насто, а прозиводството во Кина е паднато за дури 14 насто.

Остар пад на производството во ноември има и „Хонда“ која во ноември прозиведе дури 33,7 насто помалку возила, а причината е падот на производството во Мексико поради проблемот со испорака на чипови.

Пад од 5,5 насто забележа и „Нисан“, а „Сузуки“ оствари пораст од 14 насто благодарение на силната побарувачка во Индија.

 

Слични новости

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.