Хрватска во Торонто ја победи Панама со 1:0 во второто коло од групата Л и со три бода оста во играта за пласман во нокаут фазата. Панама е веќе елиминирана, а Англија и Гана имаат по 4 бодови.

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ рече дека им честита на неговите играчи, но и на противникот и призна дека неговиот тим не одиграл на очекуваното ниво.

„Долгите топки не уништуваа, а секоја втора завршуваше кај нив. Затоа бев лут, но на крајот испадна добро. Мораме да го заброваиме овој натпревар и да се свртиме кон натпреварот со Гана“, изјави Далиќ.

Во последното коло Англија игра против елиминираната панама, а Хрватска за пласман во нокаут фазата ќе игра со Гана..  

Слични новости

Роналд Куман поднесе оставка на селекторското место на репрезентацијата на Холандија по елиминацијата од Мароко

Роналд Куман поднесе оставка на селекторското место на репрезентацијата на Холандија по елиминацијата од Мароко

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија Роналд Куман денеска поднесе оставка, откако Холандија беше елиминирана од Мароко во 16-на финалето на Светското првенство.