Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија Роналд Куман денеска поднесе оставка, откако Холандија беше елиминирана од Мароко во 16-на финалето на Светското првенство.

„Донесов одлука да ја напуштам функцијата селектор на Холандија. Споделувавме сон да испишеме историја на ова Светско првенство, но не успеавме. Никој не е повеќе разочаран од мене, а како селектор врз мене паѓа одговорноста“ порача Куман на социјалните мрежи.

Куман беше под жесток удар на холандските медиуми што се откажа од напаѓачкиот стил на игра со Мароко, а тој по натпреварот изјави дека доколку би имал прилика, повторно би го направил истото. Куман беше селектор на Холандија од 2023 , а на клупата го наследи Луи Ван Гал,.

Слични новости

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.