Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.
Конфликтот влезе во шестиот ден, а Вашингтон порача дека воените акции би требало да траат 4-5 недели и дека нема да прераснат во „бесконечна војна“, како војните во Авганистан или Ирак.
Експертите сепак предупредуваат дека судирот би може да се искомпликува доколку иранскиот режим биде отпорен, а постои можност Техеран да го прошири конфликтот низ целиот регион.
Катар од понеделникот го прекина производството на течен гас, што придонесе за огромен скок на цената на гасот, а Иран го блокираше транспорот на енергентите кај Ормутскиот теснец што придонесе цената на нафтата да се зголеми за цели 10 долари по барел од почетокот на војната.
Слични новости
Цената на нафтата Брент падна под 100 долари за барел
Цената на сировата нафта денеска падна на светските берзи за 3,48 насто на 95,5 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 1,35 насто на 98 долари за барел.
Меѓународната агенција за енергетика предвидува голем пад на побарувачката на нафта
Војната на Блискиот исток го предизвика „најголемиот удар врз понудата на нафтата во историјата“ со загуба од 10 миллиони барели минатиот месец.
Цените во САД растат побргу од платите на Американците
Во САД владее загриженост поради тоа што растот на платите на Американците е престигнат од зголемувањето на цените. Минатиот месец цените во САД пораснаа за 3,3 насто.


