Компанијата Стелантис ја укинува ноќната смена во својата фабрика во францускиот град Сошо, еден од главните производни центри на брендот Пежо. Од јануари погонот ќе работи во две смени, а поради промената околу 500 работници ќе добијат отказ.

Производството ќе биде намалено од досегашните 1,050 на 850 возила дневно. Фабриката е специјализирана за произвдоство на СУВ моделите на средната класа „Пежо 3008“ и „Пежо 5008“, вклучувајќи ги и електричните и хибридните верзии.

Управата на компанијата соопшти дека одлуката била донесена поради околностите на пазарот на автомобили.

Слични новости