Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 во вториот натпревар од групата А на Светското првентсво во фудбал. Чешка поведе во 59 минута со голот на Ладислав Крејчи, но осум минути подоцна Хванг Ин Бом израмни на 1:1.

Хванг учествуваше и во голот за пресврт со асистенција за Хјон -Гај кој во 80 минута од мечот ги постави конелните 2:1 за Јужна Кореја.

Чесите до крајот имаа две големи шанси да го израмнат резултатот, но приликите ги пропуштија Хложек во 83 минута и Садилек во судиското надополнување.

Во првиот меч од групата А Мексико на отварањето на Мундијалот ја победи Јужна Африка со 2:0.

Слични новости