По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари. Надвор од САД филмот заработи 50,5 милиони долари, за отварање со заработка од 105,5 милиони долари.
Зад филмот стојат студијата Парамаунт и Мирамакс, а филмот е во специфичниот културен жанр на хорор-комедија. РЕжисер на филмот е Мајкл Тајдс, а главните улоги ги толкуваат Ана Фарис и Реџина Хол.
На второ место на Бокс офисот е уште една премиера „Господарите на универзумот“кој заработи 29,3 милиони долари, пред хоророт „Опсесија“ кој заработи 25,6 милиони во својата четврта недела од прикажувањето. „Опсесија“ е најуспешниот хорор годинава со заработка од над 200 милиони долари.
Слични новости
Почина брилијантниот актер Сем Нил
Актерот Сем Нил, кој потекнува од Нов Зеланд, а се прослави со улогите во „Јура парк“, „Пијано“ „Во устата на лудилото“ и многу други, почина на 78-годишна возраст.
Тело на џиновска ајкула пронајдено на брегот во Тоскана
Ајкулата со шест шкрги ретко се гледа во Средоземното море, а научниците истакнуваат дека ова е важна прилика за истражување на нејзината биологија и причината за присуство на големи предатори во регионот.
Натпреварот САД-Босна најгледан фудбалски натпревар во историјата на САД
Првиот елиминациски натпревар на селекцијата на САД на Светското првенство против Босна и Херцеговина привлече 24,4 милиони гледачи на терестријална телевизија во САД, објави агенцијата за мерење телевизиски рејтинзи Нилсен.


