Русија заработи дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата.
Анализата покажува дека ублажувањето на санкциите на САД ќе ѝ донесе на Москва „значаен финансиски приход“ додека Русија продолжува да води војна против Украина.
Најновото ослободување на ембаргото за руска нафта од Вашингтон, дополнително ќе ја олесни позицијата на Москва.
Во анализата се тврди дека односот кон цената на енергентите е политички избор на владите и дека Западот секохаш наоѓа причина „да трепне“.
Слични новости
Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот
Волстрит во пад под притисок на растот на нафтата и неизвесноста околу Иран
Американските берзански индекси забележаа значителен пад во четвртокот, под влијание на растот на цените на нафтата и неизвесноста поврзана со случувањата на Блискиот Исток.
Германските извозници песимистични поради војната на Блискиот исток
Германските извозници се песимистични поради војната на Блискиот исток и се загрижени за своето работење, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања од Минхен.


