Резултатите од форензичкиот преглед на телото на норвешкиот биатлонец, 27-годишниот Сиверт Гуторм Бакен, пронајден мртов во хотелска соба во Италија на 23-ти декември, ќе бидат објавени најдоцна до март, објави адвокатот на семејството во вторникот.

Норвешкиот биатлонец беше пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лавазе на италијанските Алпи, каде што бепе на тренинг-камп, по што италијанската полиција започна истрага за да ја утврди причината за неговата смрт.

„Форензичките испитувања беа спроведени минатиот викенд. Сè уште не се извлечени заклучоци од овие испитувања, кои ќе продолжат на почетокот на следната година“, соопшти адвокатската канцеларија „Elden Advokatfirma“, која го застапува семејството на биатлонецот.

„Италијанското јавно обвинителство им даде рок на форензичките патолози до 7-ти март да ги завршат испитувањата и да го достават својот извештај“, се додава во соопштението.

Норвешката федерација за биатлон потврди дека Сиверт Бакен носел висинска маска кога бил пронајден, но посочи дека нема информации за околностите за набавката и употребата на маската.

„Во оваа фаза од истрагата, нема докази што сугерираат или негираат дека смртта е поврзана со употребата на таканаречена опрема за ‘симулиран висински тренинг’“, напиша претставник на семејството.

Бакен имаше 31 настап на Светските првенства во текот на својата кариера, а единствената индивидуална победа ја имаше во Холменколен во 2022 година.

На Бакен му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, поради што ја пропушти сезоната 2022/23. Им се врати на натпреварувањата во ноември 2024 година, 984 дена по победата во Холменколен.

globe

Слични новости

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш го собори рекордот на Дејвид Бекам по број на асистенции

Бруно Фернандеш е повторно херој во препородениот тим на Манчестер јунајтед кој стигна до третото место во Премиер лигата. Иако не постигна гол против Астон Вила, Бруно имаше две асистенции со што стигна до 16 асистенции оваа сезона во Премиер лигата.

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул