Фудбалерите на Реал Мадрид го победија холандскиот ПСВ Ајндовен со 5:1 со пресврт во второто полувреме, откако на полувремето губеа 0:1. Два гола за Реал постигна Мбапе, а по еден Валверде, Белингам и Винисиус.

Стрелец за ПСВ беше Иван Перишиќ од пенал во првото полувреме. Во второто полувреме Жозе Мурињо го стави во игра креативецот Џуд Белингам кој беше главен креатор на пресвртот. Тој постигна преубав гол во 60-тата минута, а имаше и една асистенција.

Тимот на Реал Мадрид во вториот дел играше сосема поинаку од првото полувреме, а гостите од Холандија немаа никаква шанса против фруиозната игра на Мадрижаните кои постојано создаваа шанси за гол.

Слични новости

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.