Шведскиот производител на автомобили Волво објави дека неговиот профит во четвртиот квартал на 2025 паднал за дури 68 насто.

Причините за драстичниот пад на профитот на компанијата се слабата побарувачка на пазарите и високите царини.

Оперативниот профит изнесувал само 170 милиони евра, наспроти профитот остварен во истио квартал лани од околу 600 милиони евра, а приходите од продажбата на возила се паднати за 16 насто, објави Ројтерс.

Бруто маржата на компанијата падна од 20,4 насто во третиот квартал на 15,8 насто во поседниот квартал на 2025.

Слични новости

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот