Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.

Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.

Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.

Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.

Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.

Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.

Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.

Слични новости

Во 2027 година цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти

Во 2027 година цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти

До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.

Народната банка на Кина ги задржа каматните стапки на рекордно ниски нивоа

Народната банка на Кина ги задржа каматните стапки на рекордно ниски нивоа

Банката ја задржа каматната стапка на повеќегодишни кредити подолги од пет години која за многу заемодаватели е референтна вредност за хипотекарни кредити на 3,5 насто, што претставува рекордно ниска вредност

Кварталниот приход на Џенерал моторс 50 милијарди долари, но акциите на компанијата сепак паднаа

Кварталниот приход на Џенерал моторс 50 милијарди долари, но акциите на компанијата сепак паднаа

Американскиот производител на автомобили Џенерал моторос денеска објави дека во третиот квартал остварил приход од 50 милијарди долари, над очекувањата на аналитичарите и најави откуп на сопствените акции вреден 20 милијарди долари.