Американскиот производител на автомобили Џенерал моторос денеска објави дека во третиот квартал остварил приход од 50 милијарди долари, над очекувањата на аналитичарите и најави откуп на сопствените акции вреден 20 милијарди долари.
Заработувачката по акција на Џенерал моторос достигна 3,70 долари, исто така над предвидувањата на аналитичарите.
И покрај добрите квартални резултати, акциите на Џенерал моторос паднаа за 5 насто, пред отварањето на берзите во САД.
Слични новости
Златото се движи кон нова рекордна цена
Според прогнозите на експерти за „Фаненшал тајмс“, златото би можело да достигне нов историски максимум за 12 до 18 месеци.
Цената на нафтата надмина 112 долари за барел
Цената на суровата нафта „брент“ утрово се искачи на 112 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 114,44 долари достигнат на 4 мај. Цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на близу 100 долари за барел, највисоко ниво за пет недели.
Во 2027 година цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат за 20 проценти
До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.


