За денеска во 11 часот е закажано продолжението на надзорната расправа за Алта банка АД Битола во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Претседателката на собраниската комисија Сања Лукаревска од СДСМ предупреди дека дел од сведоците што треба да присуствуваат на надзорната расправа за Алта банка по вторпат се на службен пат токму во времето на одржување на седницата.
Според нејзината најава, на денешното продолжение на надзорната расправа како сведоци ќе бидат присутни претставници на институциите, како и претставници на Алта банка.
Слични новости
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.