Американската шумарска служба објави документација за наводни средби со мистериозно суштество познато како Бигфут во американските сојузни држави Монтана и Орегон.

Меѓу документите се извештаи за необични траги во шумата, сведочења за средби со голми двоножни суштества и текстови во весници за наводни отисоци од стопало, пренесува Гардијан.

Објавувањето на документацијата уследи откако жителите на руралните подрачја на канадската провинција Онтарио пријавија средби со огромни суштества чиј изглед одговара на описот на Бигфут.

Науката досега го нема потврдено постоењето на ова суштество.

Слични новости

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

Хоророт „ Другата мајка “ со Џесика Кастаин беше убедливо прв на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 27,5 милиони долари. Филмот на Универзал е нискобуџете и чинеше само 19 милиони долари, а заработката на кино благајните е далеку над очекувањата.