Во Основниот кривичен суд во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој животот го изгубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

Последното рочиште помина без присуство на најавените сведоци, по што процесот се соочи со нови одложувања и процедурни спорови меѓу обвинителството и одбраната.

Клучната расправа се води околу тоа дали дел од веќе испрашаните, но тешко повредени и трауматизирани сведоци треба повторно да се појават пред судот. Обвинителството смета дека нивните претходни искази се доволни, додека одбраната инсистира на нивно повторно сослушување.

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.