Светските цени на храната во мај се блиску до тригодишниот максимум, а житото и житните производи, како и шеќерот, драстично поскапеа, објави денеска Организацијата за храна и земјоделие на ОН ФАО. 

Индексот на цената на житото порасна за 2,6 насто во однос на април, а ова е веќе четврти месец по ред како што житото поскапува.

Како главна причина се наведуваат слабите приноси во клучните земји кои имаат извоз на жито, како и порастот на трошоците на ѓубривото на глобално ниво.

Силен пораст на цените е забележан и кај шеќерот, кој поскапе за 7,5 насто во мај, бидејќи инвеститорите се загрижени дека ќе биде намалена глобалната понуда во следните месеци.  

Слични новости