До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
Техничките и логистичките подготовки за нивното безбедно пренесување се во тек. Во Израел, шест македонски граѓани веќе се евакуирале со комерцијални летови, додека уште шест лица ќе бидат транспортирани преку Египет и со владиниот авион ќе се вратат во Скопје.
Сите ќе бидат сместени на безбедна локација на товар на државата пред заминувањето. Во Доха 136 македонски граѓани побарале помош, а дипломатско-конзуларните претставништва подготвуваат план за евакуација и на граѓаните во Бахреин и Кувајт.
Слични новости
Избори за ректор на УКИМ
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.
Завршни зборови во случајот против Стојанче Јовановски
Денеска во судот завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.
Протест пред Собранието против даноци на приходи од странство
Денеска нов протест организиран од група граѓани, кои изразуваат незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи во врска со оданочување на приходи остварени во странство изминатите години.


