Италија нема да може да излезе од процедурите на Европската унија поради прекумерниот буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат денеска потврди дека дефицитот на Италија во 2025 година изнесуваше 3,1 насто од БДП-то, односно дека е над дозволената граница од 3 насто на ЕУ.

Доколку излезеше од казнениот механизам Италија ќе можеше да го активира „исклучителниот дефицит“ од 36 милијарди евра за две години ( 14 милијарди евра за енергетика и 22 милијарди евра за одбрана), а тие пари немаѓе да го нарушат Пактот за стабилност и раст на ЕУ.

Италијанските медиуми известуваат дека Италија останува во режимот на прекумерен дефицит, што значи дека секое дополнително задолжување целосно би се пресметувало во вкупниот долг и би го успорило излегувањето од процедурата на ЕУ.  

Слични новости

Евростат: ЕУ во вториот квартал увезе стока вредна над 700 милијарди евра

Евростат: ЕУ во вториот квартал увезе стока вредна над 700 милијарди евра

Европската унија во вториот квартал на 2026 увезе стока во вредност од 702 милијарди евра, додека извезе производи во вредност од 680 милијарди евра, а нејзини најголеми трговски партнери се САД и Кина, покажуваат податоците на Евростат.