Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.
Според неофицијални информации, станува збор за позната компанија од приватниот здравствен сектор, која во Скопје има три болници.
Во истрагата, според првичните информации, се опфатени одговорни лица од приватната здравствена установа, како и поранешни и актуелни функционери и вработени во Фондот за здравствено осигурување.
Се испитуваат сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Штетата врз буџетот се проценува на над 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата на околу четири милиони евра.
Меѓу осомничените е и Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.
Слични новости
Евростат: Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца
Просечниот број деца по домаќинство во Македонија изнесува 0,60, што е за 25 отсто помалку во однос на 2015 година, кога изнесувал 0,80.
ВМРО почнува кампања „Очи во очи со народот“, СДСМ обвинува дека тоа е копија на методите на Вучиќ
ВМРО-ДПМНЕ известува дека започнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните. СДСМ обвини дека премиерот Мицкоски ги презема политичките методи и кампањските модели на Александар Вучиќ
Германија планира да ја преполови квотата за работници од Западен Балкан
Германската влада планира од почетокот на 2027 година да ја преполови годишната квота за вработување работници од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.


