Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Според неофицијални информации, станува збор за позната компанија од приватниот здравствен сектор, која во Скопје има три болници.

Во истрагата, според првичните информации, се опфатени одговорни лица од приватната здравствена установа, како и поранешни и актуелни функционери и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Се испитуваат сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Штетата врз буџетот се проценува на над 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата на околу четири милиони евра.

Меѓу осомничените е и Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.

 

Слични новости

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“-ќе бидат сослушани сведоци на одбраната

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“-ќе бидат сослушани сведоци на одбраната

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Европските берзи се опоравуваат по големиот пад на акциите минатата недела

Европските берзи се опоравуваат по големиот пад на акциите минатата недела

Посебно беше погодена американската берза од сомничавоста на инвеститорите во оправданоста на огромните вложувања во вештачка интелигенција, па технолошката берза НАСДАК само во петокот падна за 5,28 насто.