Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.
„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.
„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.
Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.
Слични новости
Британците имаат се помалку пари за храна и греење
Најновото истражување покажа дека 66 насто од Британците е загрижено за своите финансии во наредните месеци, додека 31 насто ги налауваат трошоците за храна и греење за да може да состават „крај со крај“, пренесе Скај њуз.
Мицкоски изјави дека има чувство дека ќе бидат гонети поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски роднини
Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство, изјави Мицкоски
Цената на нафтата Брент падна под 100 долари за барел
Цената на сировата нафта денеска падна на светските берзи за 3,48 насто на 95,5 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 1,35 насто на 98 долари за барел.


