Планираните разговори меѓу САД и Иран, кои требаше да се одржат во швајцарското одморалиште Бургеншток, се откажани, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Одлуката доаѓа во момент кога се очекуваше со формален потпис да биде ставен крај на војната во Персискиот залив.
Според информациите, состанокот е откажан откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја повлекол својата планирана посета на Швајцарија. Дополнително, иранските претставници во изминатите денови изразиле неизвесност околу своето учество во разговорите.
Откажувањето на средбата отвора нови прашања за иднината на дипломатскиот процес меѓу Вашингтон и Техеран, особено по неодамнешниот привремен договор меѓу двете страни. Засега не е соопштен нов термин за продолжување на преговорите.
Слични новости
Пакистан се обидува да ги седне Американците и Иранците на преговарачка маса
Пакистан одигра клучна улога во посредувањето при минатомесечниот привремен договор меѓу САД и Иран и сега настојува да ги убеди Вашингтон и Техеран да се вратат на преговарачката маса и да ги решат отворените прашања во согласност со јунскиот меморандум за разбирање.
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.


