Церемонијата на доделувањето на наградите Еми ќе се одржи ноќеска во театарот Пикок во центарот на Лос Анџелес, а церемонијата ќе ја води ѕвездата на серијата „Закон и ред“ Мариска Харгитај.
Новитет е што наместо традиционалниот црвен, годинава се очекува син килим.
Овогодишната листа на Еми номинации ја предводи серијата „The Pitt“ со 25 номинации додека „Hacks“ има 24 номинации.
Новата серија „Widow bay“ има 19 номинации, а од порано познатите серии британската серија „Slow Horses“ има 9, а „Shrinking“ 10 номинации.
Слични новости
Со мјузиклот „Као какао“ на Венко Андоновски и Влатко Стефановски вечерва се затвора „Охридско лето“
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Музејот Метрополиен во Њујорк го изложи најстариот фрагмент од „Одисеја“
Се проценува дека папирусот со стуховите од „Одисеја“ изложен во галеријата во Метрополитен потекнува меѓу 285 и 250-тата година пред Христос.
Од Метрополитен наведуваат дека грагментот е убаво испишан со помош на јаглен и вода на папирус, еден од најупотребуваните материјали за пишување во антиката.
Телескопите Хабл и Гаја го открија првото големо спојување во историјата на нашата галаксија
Научниците проценуваат дека помалата галаксија која била проголтана во моментот на спојувањето имала маса на ѕвезди еднаква на 500 Сонца, односно околу четвртина од масата на Млечниот пат во тоа време.


