Британските медиуми пишуваат дека сопственикот на Нотингем Форест Гркот Евангелос Маринакис испратил понуда од 82 милиони евра до лондонскиот клуб Брентфорд за нивниот центарфор Игор Тијаго.

Бразилскиот центарфор има договор со Брентфорд до 2031, но високата понуда може да доведе до негов трансфер во Нотингем Форест пред крајот на преодниот рок.

Игор Тијаго во минатата сезона беше втор стрелец на Премиер лигата со 22 гола. Брентфорд го доведе Тијаго од Бриж во 2024, а пред тоа Бразилецот играше за бугарскиот клуб Лудогорец.

Слични новости

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата

Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.

Челси на гости го победи Фулам во последниот натпревар од првото коло на Премиер лигата

Челси на гости го победи Фулам во последниот натпревар од првото коло на Премиер лигата

Фудбалерите на Челси синоќа како гости го победија Фулам во последниот меч од првото коло на Премиер лигата со 3:2. Стрелец за Челси беше и Морган Роџерс кој го постигна првиот гол во синиот дрес.