Фудбалерите на Челси синоќа како гости го победија Фулам во последниот меч од првото коло на Премиер лигата со 3:2.
Челси поведе уште во првата минута со голот на Жоао Педро на асистенција на Кол Палмер. Израмни Џошуа Кинг во 23 минута, а Челси повторно дојде во водство во 41 минута со првиот гол на Морган Роџерс во дресот на Челси.
Во второто полувреме Кол Палмер го доведе Челси до водство од 3:1, а Гонзало Гарсија со вториот гол за домаќините го постави конечниот резултат.
Челси во следното коло ќе му биде домаќин на Брајтон, а Фулам ќе гостува кај Сандерленд.
Слични новости
Баерн се согласи на откупна клаузула за Олисе од 200 милиони евра, Олисе незадоволен
Баерн Минхен не сакаше да го продаде Олисе и се согласи тој догодина да биде најплатен играч на Баерн со плата од 25 милиони евра годишно, наместо сегашните 14 милиони.
Тренерот на Манчестер јунајтед Мајкл Карик пред отказ
На Манчестер Јунајтед му беше потребен голем европски резултат на гостувањето кај Атлетико Мадрид . Наместо тоа, „Црвените ѓаволи“ доживеаја нов пораз од 2-0 и продлабочување на црната серија без победа која трае уште од 10 септември.
Бриж го направи најголемото изненадување во ЛШ победувајќи го Интер во Милано со 4:3
Хет-трик постигна Николо Тресолди младиот германски напаѓач кој за прв пат постигнува хет-трик во ЛШ за Бриж. Младиот Тресолди допрва треба да донесе клучна одлука, дали ќе продолжи да го носи дресот на германската репрезентација или ќе заигра за Италија


