Огромен број на номинирани за оскар, а меѓу нив и големите ѕвезди на филсмаката индустрија како Стивен Спилберг, Ема Стоун, Леонардо Ди Каприо, Кејт Хадсон и Тимоти Шаламе присуствуваа на меѓународниот бал во Хилтон во Лос Анџелес во вторникот вечерта.

Всушност, само мал број од номинираните не присуствуваа на балот како Рената Реинсви номинирана за женска улога во филмот „Сентиментална вредност“ и Шон Пен кој е номиниран за „Една битка по друга“.

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст и Делрој Линдо кој а е номинирана за „Грешници“ на 73 годишна возраст.

Еми Мадиган која е номинирана за „Вепонс“ за споредна женска улога, е повтроно номинирана за оскар по пауза од дури 40 години.

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.