Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Иран вети дека нема повеќе да ги напаѓа соседните земји
Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји – рече иранскиот претседател
Израел утринава врши тешки бомбардирања врз Иран
Израелската армија објави дека продолжила со бомбардирањето на Техеран, користејќи 80 борбени авиони утрото на 7 март.
Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран
Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.