Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Протестот е најавен во 17 часот.

„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава