Народната Банка на Македонија од вчера попладне го презеде управувањето со Алта Банка Битола, постави тројца администратори и воведе ограничувања за граѓаните клиенти кои од утре ќе имаат на располагање 10 илјади денари неделно односно 40 илјади денари месечно за да ги покријат сите режиски трошоци, потреби и сметки.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески изјави дека решенијата се врачени на Алта банка, а дека чекорот што го презема Народната банка е во функција на заштита на средствата на граѓаните и компаниите, како и на имотот на банката.

Во текот на вчерашниот ден граѓаните повлекоа околу 2 милиони евра од шалтерите и накоматите на битолска Алта банка, по што Виза центарот ги суспендираше кредитините картички.  

Слични новости