Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија.
Архивата се проценува дека ќе достигне цена меѓу 1,2 и 1,6 милиони фунти, а содржи 209 ДАТ касети, 73 аналогни касети и три мини дискови. Аукцијата е закажана за 3-ти октомври.
Снимките ги собираше тон-мајсторот Хју Ричардс кој работеше со „Оејзис“ од објавувањето на нивниот дебитантски албум „Дефинитли Мејби“ во 1994 па се до 2001-та година. По неговата смрт архивата остана во сопственост на неговиот син Овен Ричардс кој сега ја нуди на продажба.
Слични новости
Реемитувањето на „Авенџерс: Ендгејм“ од 2019 прв на американскиот Бокс офис со спектакуларнен резултат и на странските пазари
Реемитувањето на блокбастерот на студиото Марвел „ Авенџерс: Ендгејм“ од 2019 викендов заработи 26 милиони долари на американскиот пазар и го презеде првото место на Бокс офисот
Тејлор Свифт стана најнаградуваната американска пејачка на доделувањето на МТВ наградите
Американската пејачка Тејлор Сцифт освои три награди во доделата на МТВ музичките награди во неделата вечер, со што стана најнаградувана пејачка во историјата со 33 награди, пред Бијонсе која има освоено 30.
„Опен АИ“ лансираше нови модели на вештачка интелигенција кои прават двојно помалку грешки
Американската компанија „Опен АИ“ ги претстави новите модели на вештачка интелигенција ГТП-6 Сол и ГТП-6 Луна, наведувајќи дека во однос на претходната верзија се поевтини за користење и прават помалку грешки.


