Реемитувањето на блокбастерот на студиото Марвел „ Авенџерс: Ендгејм“ од 2019 викендов заработи 26 милиони долари на американскиот пазар и го презеде првото место на Бокс офисот во САД. Филмот викендов заработи и фантастични 60 милиони долари надвор од САД за вкупна заработка од 86 милиони долари.

Спектакуларната заработка на повторното пуштање на „Авенџерс Ендгејм“ во кината на странските пазари е втор најдобар резултат за американски филм по ласнирањето на 3 Д верзијата на Титаник во 2012.

Новиот „Авенџерс Думсдеј“ е планирано да ја има премиерата на 18 декември, режисери се Ентони и Џое Русо, а кастот повторно го предводат Роберт Дауни џуниот и Педро Паскал.

 

Слични новости