На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.

Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.

Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.

Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.

Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

 

Слични новости

Нетанјаху и опозицијата со еднакви шанси за победа по 60 насто преброени гласачки ливчиња

Нетанјаху и опозицијата со еднакви шанси за победа по 60 насто преброени гласачки ливчиња

На повеќе од 60 проценти обработени гласачки места, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху е во благо водство. Сепак, израелските медиуми предупредуваат дека до крајот на пребројувањето ситуацијата може да се смени

Дачиќ прогласи „црвено ниво на терористичка закана“ во Србија по нападот врз израелската амбасада во Белград

Дачиќ прогласи „црвено ниво на терористичка закана“ во Србија по нападот врз израелската амбасада во Белград

Се претпоставува дека, младиот човек кој е осомничен за нападот врз израелската амбасада во Белград е од Шабац, а според Министерството за внатрешни работи, тој го нападнал припадникот на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар“.