Акциите на американските берзи продолжуваат да паѓаат под притисок на високата цена на енергентите предизвикани од војната во Иран. Дау Џоунс падна за 1,56 насто и годинава за прв пат затвори под 47 000 поени.

С и П 500 загуби 1,52 насто, а НАСДАК падна за 1,78 проценти. Сите три индекси ги достигнаа своите најниски затворања за 2026 година,

Нафтата Брент повторно се искачи на над 100 долари за барел и се продава за 100,64 долари, додека сировата нафта се продава за 95,73 долари. Цената на нафтата во изминатите 24 часа порасна за околу 10 насто.

Прокот на нафтата кај Ормутскиот теснец и натаму е затворен.

Слични новости

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра

Во првите 17 дена од кризата со Иран, ЕУ потрошила околу шест милијарди евра повеќе за увоз на фосилни горива. Иако обновливите извори покриваат 48 отсто од потрошувачката на струја, транспортот останува силно зависен од увозот