Судот на правадата во ЕУ ја отфрли тужбата на компанијата Гугл и ја потврди антимонополската казна од 4,1 милијарди евра што ја изрече Европската комисија поради злоупотреба на доминантната позиција преку оперативниот систем Андроид.
Со одлуката на највисокиот суд на ЕУ е окончан повеќегодишниот правен спор покренат откако ЕУ во 2018 утврди дека Гугл на производителите на смарт телефони им наметнувал однапред инсталирани апликации Google search, Chrome и Google Play Store, како услов за користење на оперативниот систем Андроид, со што ја ограничувал конкуренцијата.
Гугл соопшти дека е разочаран од пресудата оценувајќи дека судот не го зел во доволна мерка настојувањето на компанијата Андроид да остане отворен и бесплатен систем.
Слични новости
Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење
Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.
Дресот на Пеле од финалето од 1958 продаден за речиси 5 милиони долари
Дресот со бројката 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер во финалето на Светското првенство во 1958 е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби.
Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто
Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.


