Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изрази загриженост поради измените во програмата за сеопфатно сексуално образование, оценувајќи дека во процесот на донесување одлуки недоволно се слушаат мислењата и потребите на младите.

Од Советот посочуваат дека програмата, првично замислена како изборен предмет за средношколците, била ревидирана и преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, при што биле отстранети или изменети делови што се однесуваат на родот, контрацепцијата и сексуалното здравје.

Советот бара Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието јавно да објаснат дали учениците и младинските организации биле консултирани при измените на програмата и на кој начин биле земени предвид нивните ставови.

Дополнително, бараат да се организира структуриран дијалог со средношколците, ученичките организации и младинските здруженија, како и да се преиспита ревидираната програма врз основа на стручни докази и реалните потреби на младите.

 

Слични новости

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.