Цената на нафтата Брент денеска во 09 и 30 часот на светските берзи падна за 3,51 насто на 109,2 долари за барел. Лесната американска нафта ВТИ падна за 3,77 насто на 100,2 долари за барел.
Падот на цената на нафтата уследи по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп му порачал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака да посвети повеќе време на дипломатските напори пред евентуалното продолжување на воените удари врз Иран.
Претходно се очекуваше САД да ги продолжат нападите врз Иран, веднаш по завршување на изборите во Америка на средина од мандатот.
Слични новости
Евростат: ЕУ во вториот квартал увезе стока вредна над 700 милијарди евра
Европската унија во вториот квартал на 2026 увезе стока во вредност од 702 милијарди евра, додека извезе производи во вредност од 680 милијарди евра, а нејзини најголеми трговски партнери се САД и Кина, покажуваат податоците на Евростат.
Илјадници работници на „Ербас“ во Шпанија го продолжија штрајкот
Европскиот произведувач на авиони има околу 14.000 вработени во Шпанија. „Ербас“ има осум локации во Шпанија на кои прозиведува воени транспортни авиони, делови за комерцијални авиони и сателити.
Германската индустрија очекува силно опоравување на извозот
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата на извозниците порасна од јулските минус 2,8 поени, на плус 9,6 поени, што е највисока бројка уште од почетокот на војната во Украина во февруари 2022.


