Цената на меѓународно референтната нафта „Брент“ на берзите се продава за околу 90 долари за барел, што е блиску до најниското ниво од 28 абгуст. Американската сирова нафта ВТИ поевтини на околу 80 долари за барел, што е најниско нивоод 7 август, пренесе Трејдинг економикс.

Падот на цената на нафтата се должи на опоравувањето на глобалното снабдување со нафта и можноста за дипломатско окончување на војната меѓу САД и Иран.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика извозот на сирова нафта од Персискиот залив е вратен на ниво од 74 насто од оној пред почетокот на војната.

 

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.