Кина забрани сокриени кваки на вратите на електричните автомобили со што стана прва земја која го запре контроверзниот дизајн што го популаризираше мултимилијардерот Илон Маск со моделите од компанијата „Тесла“.

Според новите прописи во Кина, автомобилите ќе може да се продаваат само доколу имаат механички механизам за отклучување на вратите и од надворешна и од внатрешна страна, наведуваат кинеските државни медиуми.

Освен „Тесла“, скриени кваки користат и многу други производители на возила на алтернативна енергија, така што новите прописи ќе имаат големо влијание на пазарот во Кина, а веројатно и ширум светот.

Властите во Европа, исто така, разгледуваат донесување на сопствени правила во врска со скриените кваки.

Слични новости

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Нафтените компании го предупредуваат Трамп дека кризата со недостигот на нафта ќе ескалира

Според проценките на лидерите во индустријата, повторната нормализација на пловидбата низ Ормускиот теснец е единственото долгорочно решение за стабилизирање на глобалниот енергетски пазар.