Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година. Документот ги опфаќа извештаите на Европската комисија за напредокот на десет земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, со посебен акцент на спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските стандарди.
По објавувањето на извештаите, постојаните известувачи на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ќе подготват нацрт-резолуции за секоја земја поединечно. Во нив ќе бидат содржани ставовите и препораките на европратениците за натамошниот напредок на земјите на патот кон членство во Унијата.
За утре се најавени и дијалози за финансиските инструменти за поддршка на Западен Балкан, Молдавија и Украина.
Слични новости
Утрово на ГП „Блаце“ се предаде екс директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами – спроведен е во Шутка
Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје
Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.
Активни пожари во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола, извести Центарот за управување со кризи.


