Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска се враќа на своето работно место. Тој се очекува да пристигне во општината и повторно да ги преземе градоначалничките надлежности, дознава Телма.

Во негово отсуство, општината ја водеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој доби овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Карпош Лукровски на 8 мај замина на боледување, а сите права и обврски од градоначалничката функција ги предаде на советникот Неделчо Крстевски.

Подолгото боледување на Лукровски предизвика шпекулации околу неговото можно повлекување од функцијата, како и евентуално распишување избори, кои премиерот ги демантираше.

 

Слични новости

СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски

СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски

Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

„Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението на ВЛЕН.