Најочекуваниот филм на годината „Одисеја“ на Кристофер Нолан, се појави на СинемаКон, каде што режисерот на филмот покажа некои снимки од неговото најново дело, меѓу кои и секвенцата за „Тројанскиот коњ„.

По компилација од филмовите што претходно ги режираше Нолан со бурни овации беше пречекан на сцената каде што порача дека Одисејата е приказна што ја фасцинира публиката 3.000 години и дека таа не е една од многуте приказни, туку „Приказната“ која сака да им ја долови на модерната кино публика.

Нолан рече дека целиот филм е сниман во Ајмакс технологија, но дека бил вистински кошмар да се сними. Во 2Одисеха“ меѓу другите глумат Мет Дејмон, Шарлиз Терон, Том Холанд и Ен Хатавеј.  

Слични новости

Во Франција потврден прв случај на ебола кај лекар кој се вратил од Конго

Во Франција потврден прв случај на ебола кај лекар кој се вратил од Конго

Француските здравствени власти денеска потврдија прв случај на ебола во земјата кај лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во ДР Конго. Властите наведуваат дека ризикот за општата поулација во Франција и Европа е низок.

Кевин Бејкон, Кајра Сеџвик и Харви Кајтел меѓу добитниците на почесна награда на фестивалот во Карлови Вари

Кевин Бејкон, Кајра Сеџвик и Харви Кајтел меѓу добитниците на почесна награда на фестивалот во Карлови Вари

Харви Кајтел по трет пат ќе биде гостин на фестивалот во Карлови Вари каде што во 2004-тата година го доби Кристалниот Глобус за изворндерен актерски придонес на светскиот филм.